Срца полни љубов, среќа и мир: улица Македонија беше преплавена од деца кои пееја „Вечниот бог“
Улица „Македонија“ денеска беше преплавена со коледари и млади деца кои ја пееја песната „Вечниот Бог“, движејќи се кон храмот „Св. Константин и Елена“ со божикни ѕвезди во рацете. Бадниковата поворка создаде празнична атмосфера, а граѓаните коментираа дека со радост и мир ги следат најмладите, кои и оваа година ја продолжуваат вековната традиција










