Ако ви е далеку Кочани и не нè слушате, следниот пат ќе дојдеме Во Скопје, рекоа родителите на настраданите од Кочани лути на власта
Во Кочани денеска се одржа деветтиот „Марш на ангелите“ во чест на загинатите и повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“. Револтираните родители на жртвите побараа оставки од претседателката, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи ги институциите за недостаток на правда. Една од мајките на загинатите