Над 1.200 танчари од 14 држави ќе учествуваат на Меѓународниот натпревар „Стејџ“ во Скопје
Над 1.200 учесници од 14 држави и 37 танцови клубови и балетски студија од Европа ќе настапат на осмото издание на Меѓународниот танцов натпревар „Стејџ“, кој ќе се одржи на 7 ноември во Националната опера и балет. На двете сцени ќе бидат изведени повеќе од 320 танцови точки во различни дисциплини, меѓу кои класичен и современ балет, џез, модерен,





