Прекинато водоснабдување на неколку скопски улици
Од скопски Водовод известуваат поради изведување на водоводен приклучок ф 150 мм на ул.Коста Новаковиќ бб (Детска градинка Срничка), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Ангел Димовски, дел од Коста Новаковиќ и Владимир Комаров. Прекинот е започнат од 09:15 часот и ќе трае до завршување со работните активности.

