Лејкерс падна во Детроит
По девет победи во низа, екипата на Лос Анџелес Лејкерс е запрена во Детроит, каде што Пистонс славеше со 113:110. Домашниот тим одигра сигурен натпревар и во клучните моменти знаеше како да ја зачува предноста. Херој на Пистонс беше Џенкинс со 30 поени, кој блесна во отсуство на повредениот Канингем. Кај Лејкерс, Лука Дончиќ постигна 32 поени, Остин






