Пожар во Скопје, седум лица побарале медицинска помош
Попладнево околу 16:30 часот во стан на втори кат на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје избувнал пожар, кој брзо бил изгаснат од противпожарните служби на градот. Седум лица се повредени при инцидентот, откако вдишале чад. На нив веднаш им била пружена медицинска помош, потврди Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје