Работнички ќе се обиде да ја изненади Шкендија во Тетово
фото: ФК Работнички (FB) Работнички во последниот натпревар од 15.коло во Првата фудбалска лига денеска гостува во Тетово и ќе ги одмери силите со Шкендија. Со оглед на позицијата на табелата и скромното бодовно салдо, за тимот од Дебар Маало секој нареден меч во првенството ќе има огромно значење во битката за опстанок. Целта е јасна, мора да се освојуваат

