Македонија прими 138 гола во ватерполо, а даде 7
На Балканското првенство во Солун, македонската ватерполо репрезентација до 16 години одигра пет средби со гол разлика, онаа од насловот која глупо ни е да ја повториме. Одиме поединечно со резултатите за заборав. Бугарија - Македонија 21-3, Грција - Македонија 25-0, Србија - Македонија 29-1, Турција - Македонија 22-3 и Унгарија - Македонија 41:0.



