Мојсова-Чепишевска: Исчитувањето на Конески како тестамент треба да продолжи – да не заборавиме дека мораме да пишуваме на македонски!
Исчитувањето на Конески како тестамент треба да продолжи. Зашто на тој начин нема да заборавиме дека мораме да пишуваме на македонски! Ова го порача проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска на свеченоста на којашто од Културно-едукативниот центар „Небрегово” ѝ беше доделено признанието „Зборот на Конески” за 2024 година, во спомен-домот „Блаже Конески”.