Тиквеш го елиминира Вардар од Купот на Македонија
Фудбалерите на Вардар, попладнево во Скопје, доживеаја шокантна елиминација во осминафиналето, во Купот на Македонија. Во комплексот на ФФМ, Вардар загуби од Тиквеш 1:3. Тиквеш успеа да одржи нула на семафорот во првото полувреме, а на стартот од вториот дел го шокира фаворитот. Во 49-та минута, по грешката на Матиќ, Окебе рутински го совлада Талески








