Срамен пораз на македонските кошаркари од Кипар
Македонската кошаркарска репрезентација е поразена на домашен терен од Кипар со 75-85 во натпревар од втората претквалификациска фаза за Европското првенство 2029 година. Ова е голем удар бидејќи гостите беа голем аутсајдер, но нашите кошаркари влегоа опуштено на оваа средба. Со овој резултат, Македонија е далеку од остварување на поставената цел.

