Камениот мост и уште два моста во Скопје добија ново осветлување со пари од Турција
Новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост во Скопје синоќа беше пуштено во употреба. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук објави дека проектот произлегува од Протоколот за пријателство и соработка помеѓу Град Скопје и Општина Есенлер од Турција. „Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна










