Улици од Кисела Вода со прекинато водоснабдување
Делови од една скопска општина од рано утрово се без вода. Поради уличен дефект со прекинато водоснабдување изутрина од 05.25 часот се корисниците од улиците „Црниче“, „Банско“ и „Караџица“ во општина Кисела Вода. – Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје










