Македонски фолклорни ансамбли од Австралија настапија во Скопје
Македонските културно-уметнички друштва „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски Бисери“ од Волонгонг, Австралија, настапија во Скопје, претставувајќи дел од богатото македонско фолклорно наследство. Пред бројната публика, членовите на двата ансамбла изведоа традиционални македонски ора, песни и народни носии, пренесувајќи ја љубовта кон македонската култура



