Делот спроти Католичка утре без вода
Од скопски Водовод информираат дека утре (четврток) поради дефект во шахта Ф 6/4“ и монтажа на водомер за паркови на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (спроти Католичката црква), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.










