Трамп ѝ се закани и на „многу болната“ Колумбија по американскиот напад врз Венецуела
По американскиот напад врз Венецуела, претседателот Доналд Трамп синоќа ја сврте својата реторика кон Колумбија, упатувајќи нови закани, јави ДПА. Во разговор со новинарите, Трамп ја опиша Колумбија како „многу болна“ и рече дека земјата ја води „болен човек кој сака да прави кокаин и да го продава во САД“. „Тој нема да го прави тоа долго време“, рече





