По повод 80 години постоење на МНТ, промовирана монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025: драма – приказни поголеми од времето“
Во годината кога Македонскиот народен театар слави осумдесет години постоење, во нашите раце ја држиме монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025: драма – приказни поголеми од времето“. Книга што не се чита туку се доживува. Ова дело не раскажува историја, туку живот. Ова е хроника на еден театар што осум децении го бара човекот – во зборот,










