Сам се возам, не ми требаат возачи, ниту 25 хигиеничарки, вели градоначалникот Ѓорѓиевски
Градоначаникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски вчеравечер во емисијата „Топ Тема“ на Телма рече дека во Град Скопје затекнал превработеност на хигиеничарки и возачи. - Дваесет и пет хигиеничарки не ми требаат мене. Еве не ми требаат 25 хигиеничарки, но има во Град Скопје. Десетина шофери не ми требаат, еве сам се возам уште. Се возев во Кисела Вода







