Три претстави денеска на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува по 58-пат во Прилеп е на средината со својата богата програма. И денеска се најавуваат бројни настани, а довечер на програмата се уште три претстави, од кои две во официјалната конкуренција. Од 10 часот на платото пред Градскиот саат е вообичаената „Детска зона“, во 11 часот во фоајето