Целта е резултат, не само пласман, велат македонските скијачи пред зимската олимпијада во Милано и Кортина
Да се постигне резултат, а не само пласман, посакаа од македонската скијачка репрезентација пред почетокот на 25. Зимски олимписки игри во Милано и Кортина, кои се отвораат на 6 февруари. Македонија за првпат ќе има четворица претставници на една зимска олимпијада, по двајца во алпско и во нордиско скијање, при што, како што кажаа од Македонскиот олимписки





