ПРЕМИЕРА: Alpine A390 ветува дека ќе биде спортски SUV за оние кои сакаат да уживаат во возењето.
Eлектричниот A390 ја комбинира практичната кабина за пет патници со перформансите на спортски автомобил. A390 ќе биде достапен во верзиите GT и GTS, чија разлика ќе биде евидентна кај тркалата, ознаките и перформансите. Дизајнот и кај двете верзии останува ист и се одликува со нагласено аеродинамична силуета, остри линии и препознатливи LED светлосни