Македонија блесна во второто полувреме и стигна до втора победа на ЕП
Македонските кошаркарски кадети со фантастичен пресврт стигнаа до втората победа на Европското првенство Б-дивизија, откако вечерва во Гевгелија ја совладаа Швајцарија со 89:76. Нашите млади кошаркари одиграа две сосема различни полувремиња. По првите две четвртини Македонија имаше сериозна негатива, но во продолжението следуваше целосен пресврт и








