Побарал 50 евра за издавање на нов пасош, добил бележана банкнота – МВР приведе полицаец осомничен за поткуп
Министерството за внатрешни работи (МВР) приведе полициски службеник, осомничен дека примил поткуп од 50 евра за издавање на нов пасош. Осомничениот, вработен во Отсек за странци и реадмисија, завчера во службените простории ја повикал оштетената која поради изгубена патната исправа требало да извади нова. Но, тој не извршил проверка и надвор од процедурите