Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена Скопје изготвила 334 записници во 2024 година
Во периодот јануари-декември 2024 година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви и врачи 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Како резултат на овие активности, од страна на сторителите се расчистени 894 кубни метри непрописно одложен отпад