Стојаноски: Со Ѓорѓиевски, скопјани ќе добијат градоначалник кој е достапен и кој ќе ги реши проблемите
Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата ,,Само Вистина“ на телевизија Канал 5. Стојаноски истакна дека со кандидатурата на Орце Ѓорѓиевски, ВМРО-ДПМНЕ испраќа порака до граѓаните за нов почеток. Според него, Ѓорѓиевски е подготвен да го рестартира градот Скопје и да донесе вистински промени кои се во интерес на граѓаните