Скопје повторно отвора две градски цвеќарници – цвеќињата ќе се продаваат по пониски цени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека по повеќегодишно запоставување и пропаѓање, повторно ќе бидат ставени во функција две цвеќарници на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Станува збор за цвеќарницата „Роза“, на булеварот „Илинден“, спроти фонтаната „Лотос“, како и за цвеќарницата во близина на Министерството за економија







