Хрватска бара сезонски работници за претстојната туристичка сезона
И покрај големата неизвесност каква ќе биде оваа туристичка сезона, сите поголеми туристички компании во Хрватска започнаа да бараат сезонски работници. Оваа година новост е укинувањето на квотите за странски работници. Тоа практично ќе биде под знак прашалник до последната минута, но подготовките за сезоната во однос на барање работници започнаа.