Кој е Радомир Саичиќ, академикот што Вучиќ го спомнува како кандидат за претседател на Србија?
Александар Вучиќ во интервју на ТВ Пинк денес го посочи академикот Радомир Саичиќ како можен кандидат на Студентската листа за претседател на Србија и го оцени како „многу лош кандидат“. Изјавата дојде откако претставници на листата соопштија дека имаат избрано кандидат. Името засега не е официјално објавено. Саичиќ е професор по органска хемија на





