Две години затвор за поранешниот директор на РЕК „Битола“ Пеце Матевски
Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување при јавна набавка за ископ на јаловина, со која, според судот, на комбинатот му била нанесена штета од 178,37 милиони денари, односно приближно 2,9 милиони евра. Првостепената пресуда денеска ја изрече судијата Горан









