Скопје одбележува 116 години од раѓањето на Мајка Тереза, положено цвеќе пред спомен плочата на нејзината родна куќа
Во Скопје денеска се одбележуваат 116 години од раѓањето на Мајка Тереза. Одбележувањето, кое со различни настани ќе трае десетина дена, започна утрово со положување цвеќе пред спомен плочата на нејзината родна куќа во центарот на главниот град. Прв кој положи цвеќе и кој ги предводеше делегациите беше министерот за европски прашања и прв вицепремиер










