Промоција на мултимедијалниот проект „Три лица на љубовта“ од Митко Чешларов
Во малата сала на Филхармонијата вечерва во 19.30 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Три лица на љубовта“ од авторот Митко Чешларов, во издание на „Сигмапрес“. Книгата претставува уникатен мултимедијален проект составен од лирски записи, авторски песни и драмски текст – три различни форми преку кои се обработуваат теми што секој човек ги носи




