Дебата во вилата „Билјана“ во Охрид во пресрет на Меѓународниот ден на младите: Тешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање
Во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите, во вилата „Билјана“ во Охрид се дебатираше на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: младите, училиштата и дигиталниот простор“, во организација на Советот за млади во рамките на Кабинетот на Претседателката. Дискусијата се фокусираше на превенцијата и заштитата од меѓуврсничко насилство, влијанието








