Муцунски со амбасадорите на земјите членки на ЕУ: разменети мислења за забрзување на реформските приоритети и евроинтегративниот процес на државата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа работен појадок со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, и амбасадорите на земјите членки на Европската Унија акредитирани во Република Северна Македонија. На средбата, Муцунски ги информираше присутните за актуелните политички и реформски процеси







