Дефект остави без вода една скопска населба
Дел од скопска населба остана без вода поради дефект. Од скопски Водовод информираат дека денеска поради уличен дефект ф-80мм на ул.Лазар Димитров бр.18, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба 11-ти Октомври. Водоснабдувањето е прекинато од 09:30 часот, а прекинот ќе трае до завршување со санација на дефектот.










