Полициско куче откри голема количина дрога во Росоман
На 17.04.2026 година во 18:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, во соработка со Единицата за службени кучиња, извршиле претрес во домот на Р.Ш. (18) од Росоман. Претресот бил спроведен со наредба од Основен суд Кавадарци. При акцијата биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и еден остар предмет.



