Автомобилот леташе во воздух - стравичен инцидент пред почетокот на релито во Хрватска
Вознемирувачка несреќа се случи вчера пред почетокот на релито во Хрватска. Инцидентот се случи за време на тестирањата. Возач во категоријата „WRC3“ го уништи својот автомобил кој по силниот удар остана и без тркала. Но и покрај вознемирувачките сцени, возачот за среќа поминал без повреди.

