За паркинг ќе се плаќа и по 300 долари на Светското првенство во Лос Анџелес
ФИФА повторно е на удар на критики поради цените за паркинг на натпреварите од Светското првенство 2026 во Лос Анџелес. Според извештаите, паркинг пропусници за натпревари на Софи стадионот се продаваат по цена од 250 до 300 долари по место, иако се наоѓаат повеќе од една милја (околу 1,6 километри) оддалеченост од стадионот, објави утрово „Дејли мејл“



