Наковски Волеј држи победничко темпо, Фит Фан му „скина“ бод на Младост УГД
Екипата на Наковски Волеј ја продолжи победничката серија во Првата македонска одбојкарска лига за жени. Во дербито од 10. коло кое викендот се одигра во СЦ „Форца“ во Скопје лидерот извојува максимална победа над Газели Волеј. Фит Фан Волеј пријатно изненади на почетокот на втората полусезона одземајќи му бод на Младост УГД (2:3), кој важеше за фаворит




