Ракометарите тренираа во Силкеборг, од утре се селат во Хернинг
Ракометната репрезентација на Македонија со вечерниот тренинг го завршува мини престојот во Силкеборг и утре наутро се сели во Хернинг, градот во кој ќе се игра нашата група на Европското првенство. Избраниците на Кирил Лазаров утре ќе го имаат и последниот тест пред почетокот на континенталниот собир, а за противник ќе го имаат составот на Мидтјиланд




