Дали градот живее онолку колку што го паметиме – или онолку колку што го сакаме?
Скопје не е збир од спомени. Не е албум од пожолтени фотографии, ниту носталгична приказна што ја повторуваме кога ни недостига ред, убавина или смисла. Скопје е жив организам – и како секое живо суштество, опстанува само ако љубовта е взаемна. Долго време се тешиме со сеќавања. Со „некогаш беше поинаку“, „некогаш беше похумано“, „некогаш се живееше“

