Европска ноќ од соништата – Вулканот „еруптираше“
Вардар 1961 ја покажа својата класа и одигра одлично второ полувреме за победа против Бенфика од 33-27 и заверка на осминафинале во Европската Лига. „Црвено-црните“ ја добија посакуваната поддршка од трибините, СЦ „Јане Сандански“ беше исполнет, а атмосферата неверојатна, ракометарите играа по нотите на своите фанови, беше вистинско уживање на сите

