Обвинетиот Милковски од аферата „Пулс“ вели: Јас не можам да се борам со животот, немам сили да доаѓам на судење
Спојување на тековната судска постапка со новиот обвинителен акт против 13 полициски службеници за истиот кривично-правен настан, побара одбраната на денешното судско рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кое што се одржува во судницата во „Идризово“. Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов, адвокатката Ивана Коцевска, истакна предлог










