Грците на кратенката МКД додадоа и едно „Н“, РФМ ќе се жали
По триумфот над Луксембург, македонската ракометна репрезентација загуби на гостувањето во Грција со 29:24, во 2. квалификациско коло за ЕП 2028. Домаќините место МКД, во преносот нè напишаа како НМКД. РФМ најавува приговор до ЕХФ.










