Вардарци со пенал во 100-та минута го победија Силекс и се вратија на врвот на табелата
Најтрофејниот македонски клуб Вардар оствари триумф (2-1) над Силекс во последниот меч од 11-тото коло од Првата фудбалска лига. Со тоа Црвено-црните повторно се на врвот на табелата со 27 бода, еден повеќе од Струга ТЛ и три позитива во однос на Шкендија. Дербито почна со отворена игра од двете страни. Првата шанса ја имаше Дарко Додев, но немаше




