Билетен хаос на ЕП 2026: Исланд исфрлени од трибините пред полуфинале!
Нов бран незадоволство ја тресе ракометната јавност во пресрет на завршницата на ЕХФ ЕУРО 2026. Навивачите на Исланд се соочуваат со сериозен проблем – речиси невозможно е да се дојде до официјален билет за полуфиналниот дуел против Данска, закажан за вечерва во 20:30 часот. Според исландските медиуми, билетите за финалниот викенд се практично распродадени
Нов скандал: Навивачите на Исланд останаа без билети за полуфиналето на ЕП
Фото: https://www.facebook.com/hsi.iceland?__tn__=-UC*F Навивачите на Исланд имаат големи проблеми да дојдат до билети за завршниот викенд на ЕХФ ЕУРО 2026, објавуваат тамошните медиуми (Handbolti.is). Тие не можат да ги бодрат своите фанови против Данска (вечерва, 20:30 часот) во второто полуфинале. Официјални билети речиси и да нема, а она што повремено




