Висла е голем фаворит, но целта на Вардар е да освои бод(ови) во Полска
Ракометарите на Вардар пред шест дена во Скопје беа совладани од Висла Плоцк со 26-32, па вечерва од 20.45 часот во Полска, Висла е огромен фаворит за победа над македонскиот првак во средбата од Лигата на шампионите. Вардарци нема да истрчаат на терен со бело знаме, туку со надеж дека може да останат непоразени и да дојдат до првиот бод во ЛШ сезонава





