Два златни и по еден сребрен и бронзен медал за македонските таеквондисти на Европскиот куп „Бугарија Опен 2025“
Охрид, 18. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со два златни и по еден сребрен и бронзен медал се вратија македонските таеквондисти од Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (МТТФ) од Европскиот Куп во Традиционално Таеквон-до ИТФ „Бугарија Опен 2025“, кој викендов, од 14 до 16 ноември 2025 година се одржа во Пловдив, Бугарија. Учество зедоа 788 натпреварувачи





