Хјустон израмни против Голден Стејт, Кливленд и Бостон до 2-0
Хјустон Рокетс изедначи во серијата на 1-1 против Голден Стејт во плеј-офот на Западната конференција во НБА, откако денеска на домашен терен победија со 109:94. Хјустон го предводеше Џејлен Грин со 38 поени, од кои осум тројки од 18 обиди, а имаше и шест асистенции, четири скока и три украдени топки. Алперен Шенгун постигна 17 поени, заедно со 16