Премиера во МНТ: наградуваната режисерка Ригонат ја постави „Страв и надеж“ – приказна за губењето на човечкото достоинство
На 22 април, на големата сцена во МНТ премиерно ќе биде изведена претставата „Страв и надеж“ од Франц Ксавер Крец, најпознатиот и најизведуваниот жив германски драмски автор, чија комплексност се мери со делата на Бертолт Брехт. Претставата ја потпишува наградуваната белградска режисерка Татјана Мандиќ Ригонат, препознатлива по бескомпромисен и форензички










