Најдобриот босански тенисер ќе стане и фудбалер, се најде на пријавната листа на еден клуб
Тенисерот Дамир Џумхур кој е моментно 64-ти на АТП листата и со години е најдобар играч од Босна и Херцеговина, наскоро би можел да заигра и на официјален фудбалски натпревар. Искусниот тенисер кој е на Мастерсот во Барселона каде утре има меч кој ако го добие во следното коло ќе се сретне со Холгер Руне, се најде на пријавната листа на фудбалскиот